АВТОБИОГРАФИЈА НА КИРЕ ЛАЗАРОВ: „СЕКОГАШ НА ПОБЕДА“
Гостивар, 4 ноември 2021 Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кире Лазаров остави пишан бележник на својата беспрекорна кариера. Синоќа беше промовирана неговата автобиографија насловена „Секогаш на победа“, која ги опфаќа сите големи и мали чекор во ненадминатото ракометно доживување од Свети Николе до Нант.
На свечената промоција во хотелот „Александар Палас“, Кире го претстави своето драгоцено литературно чедо пред присутните гости од кремот на македонскиот ракомет, но и воопшто од македонската сцена.
-Јас сум прв македонски спортист кој одлучил искрено и со многу страст да напише автобиографија. Треба да имате храброст и многу сила да кажете некои работи што не се кажани. Сите Македонци за мене знаат многу, но во ова книга ќе прочитате многу работи и што не сте ги знаеле. Во ниеден момент не се премислив да сменам нешто суштински, стојам зад сè што сум напишал. Сметам дека книгата ќе биде интересна за сите, особено за младите, рече Лазаров
На подготовката со српскиот новинар Жика Богдановиќ работеле од почетокот на годинава.
На промоцијата присуствуваа ракометни авторитети како Пепи Манасков, Стевче Стефановски, Иван Марковски, претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, Каролина Гочева, Симон Трпчевски и многу, многу други..
Од март оваа година Кире Лазаров стана заштитно лице на Видеолотарија Касинос Австрија.
Лазаров, и 41 година ја предводи македонската репрезентација како капитен, но од скоро прифати и улога на селектор. Во кариерата има освоено една титула во Лигата на шампионите, трипати бил првак на Шпанија, пет пати на Унгарија, а има и вредни индивидуални признанија како најдобар стрелец на Светското првенство во 2009 година, на ЕП во 2012, а сè уште важи за најдобар голгетер во историјата на Лигата на шампионите.
Кариерата на Лазаров е поврзана со клубовите за кои настапувал како Пелистер, Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона и до Нант.
Коментарите се затворени.