Работел во нива и ископал две „кашикари“
Гостивар, 5 ноември 2021 Жител на Присојница ископал две „кашикари“ додека работел на нива. Откритието за среќа поминало без последици, специјализирана екипа ги подигнала од местото.
Според СВР Тетово, завчера (3 ноември) околу 16 часот, А.М. (52) од долнореканското село Присојница, пријавил дека пријавил дека работејќи на нива околу 15 часот пронашол две неексплодирани рачни бомби. По увидот било утврдено дека станува збора за експлозивни направи од италијанско производство, кои потекнувале од Втората светска војна.
Екипа на СВР Тетово извршила комплетен увид, а бомбите се безбедно подигнати од вработени во Дирекцијата за заштита и спасување.
Коментарите се затворени.