Денес е Митровденската задушница – спомен за починатите
Гостивар, 6 ноември 2021 Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите. Традиционално, на овој ден се вршат обреди на вечните почивалишта и поради тоа од Гостиварското архиерејско намесништво за денес направија распоред.
„Во сабота (06.11.2021) на старите гробишта свештеник ќе има од 7 до 10.30 часот, на новите гробишта во Млаки од 7 до 12 часот, а на најновата парцела од 11 до 12.30 часот“. информира Гостиварското архиерејско намесништво.
Во православната црква пропишани се посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Митровденската задушница секогаш паѓа во саботата пред празникот Митровден.
Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.
Митровденската сабота, односно во онаа сабота која е најблиску до празнувањето на св. вмч Димитриј (08 ноември).
Коментарите се затворени.