Сообраќајот кон Маврово во застој, кон Дебар се вози по една коловозна лента

Гостивар, 11 декември 2021 Снегот кој од ноќва паѓа во мавровскиот регион предизвика проблеми во одвивање на сообраќајот. Голема колона од возила и застој има кај месноста Бунец, а полицијата прави напори да обезбеди движење по една коловозна лента кон Дебар

Според информациите на СВР Тетово, во овој регион има проблеми во одвивањето на сообраќајот и се прават напори за негово нормализирање. Полициски службеници се на терен, го регулираат протокот на возила. Од утрово тие преземаат мерки за безбедно и нормално одвивање на сообраќајот низ регионот.

Граѓани кои се најдоа утрово на пат преку социјалните мрежи информираат дека и кружниот пат околу Мавровското езеро е непрооден заради снегот на коловозот.

До утрово на Маврово снежната покривка достигна 30 сантиметри.

згм

Коментарите се затворени.