Тројца гостиварци „паднаа“ за шверц на 100 килограми марихуана
Гостивар, 15 декември 2021 Полицијата во координирана акција заплени поголема количина на марихуана која требало да се транспортира за Бугарија. За шверцот осомничени се тројца гостиварци еден дебранец.
Од МВР информираат дека вчера (14.12.2021) Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) во содејство со полициски службеници од ОВР Гостивар разбиена разбила криминална група која планирала да направи меѓународен транспорт за недозволена трговија со дрога. По акцијата запленети се околу 100 кг марихуана во вкупна вредност од 300.000 евра.
– ОСОСК до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе поднесе кривична пријава против четири лица: Е.М., Х.Ф., Е.И. и Б.П., (три се од Гостивар и едно од Дебар), на возраст од 30 до 47 години. За нив постои основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215 ст.3 од Кривичниот законик, наведуваат од МВР.
Вчера попладне (14.12.2021) околу 17.15 часот, полициски службеници на ОСОСК на патарина „Глумово“ направиле преглед на товарното возило „ман“ со приколка, со дебарски регистарски ознаки. Во приколката биле пронајдени 19 црни вреќи, во кои биле сместени вкупно 189 пакувања со марихуана.
Според портпаролката на МВР Сузана Прањиќ Талевска, четворицата чија намера била да се стекнат со противправна имотна корист, минатиот месец набавиле марихуана, која ја сместиле во објект во гостиварско. На 14.12.2021 дел од дрогата, по претходен договор ја предале на еден од пријавените, кој со товарно возило за одреден паричен надомест требало да се транспортира до Р.Бугарија.
Истиот ден, врз основа на Наредба издадена од Судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје, извршени се претреси на неколку локации во Гостивар, при што се пронајдени поголем износ пари во различни валути и апоени и предмети за истражната постапка.
Коментарите се затворени.