Анди Исмаили ја потврди светската класа, по втор пат светски шампион во модерен танц
Гостивар, 15 декември 2021 Анди Исмаили од танцовото студио „I Dance“ од Гостивар е новиот светски шампион во категоријата современ танц соло за јуниори на Светското првенство што се одржува во Варшава, Полска, информираа од Македонска Асоцијација за Модерни Танци (MAMT). Со оваа титула тој ги потврди светската класа и талент.
Анди, првата титула ја освои во 2019 година. Тогаш со кореографијата „Don’t answer the phone“ на Андријана Петковски од „Брејк а Лег“ го оствари фантастичниот успех.
Овој млад танчар неодамна го видовме и на големиот екран во главната улога во краткиот филм „Break free“ (ослободување).
Коментарите се затворени.