ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ВО 2021 ДОНИРАШЕ 7.641.786,00 ДЕНАРИ
Видеолотарија Касинос Австрија ја покажа на дело општествената одговорност, која стана деловен императив и продолжи да го негува овој тренд. Компанијата изминатава година е одговорни кон сите, посебно кон ранливите категории во нашето општество.
„Во текот на 2021 од нашиот буџет одвоивме фонд за донации во вкупен износ од 7.641.786,00 денари. И оваа година без исклучок, сакавме да дадеме свој придонес во спортот, образованието, културата, здравството. За таа цел во текот на оваа година обезбедивме донации од 5.570.600,00 денари за спортисти и спортски клубови, како и 2.071.186,00 денари, средства за донации од јавен интерес“.
Во ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА се горди на новото партнерство со ФФМ, долгогодишната соработка со автомобилскиот шампион Игор Стефановски Иџе, новите соработки со Горан Пандев, Кире Лазаров и Едина Муса како наши бренд амбасадори.
Видеолотарија Касинос Австрија во склоп на своите заложби за општествена одговорност, отпочна со реализација на амбициозниот проект за изградба на повеќенаменски и спортски игралишта низ целата земја
Со реализација на буџетот за донации, Видеолотарија Касинос Австрија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните.
Коментарите се затворени.