Комисијата за заразни болести препорача второто полугодие да почне со физичко присуство

Гостивар, 26 јануари 2022 На денешната седница Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование да продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари. Една од причините е зголемениот број на новозаразени од коронавирусот.

Одлуката е донесена врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ, а Владата повикува на доследно придржување и спроведувањето на протоколите за одржување настава со физичко присуство.

– За второто полугодие од учебната 2021–2022 година, наставата да се одвива со физичко присуство за сите ученици во основно и средно образование со доследно почитување на превентивните мерки и протоколи, сooпшти Министерството за здравство.

На состанокот на Комисијата за заразни болести на кој беше разгледана актуелната епидемиолошка состојба со КОВИД–19 во земјава, присуствуваше и министерот за здравство Беким Сали.

Во моментот се хоспитализирани вкупно 573 лица, од кои 180 во Скопје и 393 лица на инфективни одделенија во државата.

Коментарите се затворени.