Денес е светски ден на радиото

Гостивар, 13 февруари 2022 Радиото е најстариот електронски медум и денеска го слави својот ден, односно Светскиот ден на радиото. Првиот успешен радио пренос го извел Гиљермо Маркони во 1901 година кога воспоставил бежична прекуокеанска врска.

Иако изгледа дека е најмалку застапен и занемарен во споредба со печатените медиуми или пак модерните медиуми како што се интернет сајтови и телевизиските програми, радиото, колку и да звучи тоа чудно е поприсутно отколку што мислиме.

Додека го возите автомобилот, многу е веројатно дека за да не ја слушате бучавата од улиците и свирките од колите околу вас вие ќе го засилите звукот на радиото. Седењето во кафулињата и пиењето на кафето често го дополнува звукот на музиката или гласот од радиото во позадина, а за тоа не сте свесни.

Радиото е добар пријател кога сме сами, кога работиме бидејќи од нас не бара постојано внимание. Радиото програма е, како што е убавата гарнитура во дневната соба украс на простор, украс на времето во кое внесуваме најразлични тонови на музика радиофонични гласови.

Еве и едно видео кое ќе ви упати во значењето и важноста за опстојувањето на радиото како медиум

Од кога се слави и зошто?

Во 2013 година, Генералното собрание на Обединетите Нации ја одобрила прокламацијата на УНЕСКО за Светски ден на радиото да биде 13 февруари[1]. На овој ден почнува да се слави радиото како медиум кој образува, обезбедува информации и ја промовира слободата на изразување во различните култури.

Целта на одбележувањето на овој ден е да се зголеми свеста на јавноста и медиумите за значењето на Милијарди луѓе од целиот свет и натаму секојдневно се приклучуваат на радио, а тоа и натаму го држи приматот како најбројна и најголема медиумска платформа.

IN MEMORIAM

На овој ден ден ќе си споменеме на и двајца гостиварци кои го креираа радио етерот во гостиварско и пошироко.

Слава му на РАДЕ ИСАЈЛОСКИ (1974-2020) основач и сопственик на Радио Комета (сега Radio G)

Слава му на АРБЕН СЕЈФУЛАИ-Бени(1969-2021), основач и сопственик на Pro FM Radio

Коментарите се затворени.