Новинарска екипа нападната во селото Ѓурѓевиште

Гостивар, 16 февруари 2022 Здужението на новинари на Македонија информира дека снимател и новинар на регионалната телевизија Полог (TV Pologu) била нападната во селото Ѓурѓевиште, каде снимала прилог за подрачното основно училиште.

Во информација на ЗНМ за настанот се бара и брза реакција на МВР.

– Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бара од Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и ефикасна истрага за денешниот напад кон нашите колеги од ТВ Полог, Тетово.

Од ЗНМ наведуваат дека денес за време на снимањето инсерти за репортажа од основното училиште „Наим Фрашери“ во село Ѓурѓевиште, општина Врапчиште, Гостиварско околу 14:00 часот новинарот Неври Адеми и снимателот Збулим Максути, вербално а потоа и физички биле нападнати од страна на едно лице.

– Според изјавите на нашите колеги, за потребите на репортажата за спроведувањето на проектите во училиштето додека тие снимале во училиштето Бурхан Хамити им се обратил со вербални навреди и закани, при што го фатил новинарот за глава и го туркал по скалите во училиштето. Потоа слезе во училишниот двор и почна да не брка со секира. Ние брзо влеговме во автомобилот и се упативме до полициска станица да го пријавиме нападот, а напаѓачот цело време не следеше со неговиот автомобил дури до селото Неготино, гостиварско, се наведува во изјавата на Адеми која ја објави ЗНМ.

Неври Адеми-новинар на ТВ Полог

Од новинарското здружение бараат да спроведе брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот.

Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот.

Од СВР Тетово информираат дека пријавеното лице кое им се заканувало попладнево било приведено во полиција.

СВР Тетово соопшти дека полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар, околу 17 часот и 30 минути, во Топлица, го лишиле од слобода 59-годишниот Б.Е.од Ѓурѓевиште. Тоа претходно било пријавено дека пред тоа го нападнал 23-годишниот Н.А. (новинар) од гостиварско Калиште и се заканувал со секира. Приведеното лице во консултација и координација со Јавен обвинител, задржано е во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок, наведуваат од СВР Тетово.

Коментарите се затворени.