Амбасадорката Брнз во посета на Гостивар

Гостивар, 18 февруари 2022 (МИА) Амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз денеска во рамки на посетата на Гостивар оствари средба со градоначалникот Арбен Таравари. На средбата се разговарало за новиот мандат, идните проекти на локално ниво и актуелната политичка состојба во државата.

Градоначалникот Таравари истакна дека оваа средба била искористена за разговори за други прашања кои ги засегаат двете страни.

– Разговаравме за последниот мандат во општина Гостивар, за локалните избори и за наредниот период за нашите инвестициски планови на локалната самоуправа, за заедничките инвестиции што ги направивме со САД и нивната помош во општина Гостивар. Тема на разговор беа политичките прашања и актуелната состојба, изјави по средбата Арбен Таравари, градоначалник на општина Гостивар.

Гостинката и домаќинот го посетија и Центарот за млади каде учестуваа на дебата на тема корупцијата и заедница.

– Во рамките на центарот во изминатиот период спроведовме неколку дебати на на различни теми. Денес во рамките на овој настан ќе зборуваме за корупцијата и предизвиците како ние како граѓани, членови на оваа заедница, што можеме да направиме за да ја спречиме корупцијата која не загрижува сите, изјави Сефер Селими, основач на центарот за млади и заедницата.

згм

Коментарите се затворени.