Мицкоски во Гостивар: Подоцна или порано ќе се случат парламентарни избори, а потоа следува одговорност
Гостивар, 21 февруари 2022 Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред трибината на која учествуваше се осврна на актуелната состојба земјава и можноста за предвремени избори. Тој е убеден дека ќе дојде до предвремени парламентарни избори, на кои инсистира опозицијата, иако актуелната власт, вели тој, не сака да си замине зошто е свесна дека ќе треба да одговара.
„Јас не очекувам дека оваа криминална власт ќе сака да ги напушти дебелите црвени килими и кожните фотелји каде е залегната и привилегиите кои ги уживаат на грбот на народот. Не очекувам дека тоа ќе го прифатат и едноставно ќе заминат, затоа што се свесни дека после тоа следува одговорност. Но, затоа сме ние опозиција, затоа ја добивме довербата од народот на минатите локални избори. Тоа ќе се случеше и на предвремените парламентарни да не беа оние грабеж и масовен брутален поткуп што се случуваше со картичните. Но, подоцна или порано ќе се случат тие парламентарни избори, а потоа следува одговорност за сите овие погрешни политики што македонскиот народ и граѓаните се сведоци изминатите четири години, рече Мицкоски.
Коментарите се затворени.