Сланината на Гаврилоски во поход по уште едно злато
Гостивар, 22 февруари 2022 Гостиварецот Дамјан Гаврилоски ќе биде претставник на „Сланинијадата 2022“ во Качарево (Панчево, Република Србија), која има статус на светска гастрономска манифестација затоа што на неа сланина изложуваат производители од сите краеви на светот. Покрај домаќините, во конкуренција за престижната титула учествуваат и произведувачи од Кина, Франција, Германија, Америка, Португалија, Романија, како и од сите земји во регионот.
На овогодинешниот натпревар, Даме се пријави со парче сланина тешко седум килограми, кое е дел од производството на Гаврилоски. Месото е од домашно производство, зреело седум месеци во посебни услови и со технологија на суво солење. Освен сол во него нема никакви други додатоци.
„Со оглед на квалитетот што го има мојата сланина и долготрајниот процес на кој се подготвува, се надевам на успех, иако морам да признаам дека конкуренцијата ќе биде силна. Се очекува да има над 350 учесници од целиот свет“, вели Дамјан кој претходно веќе беше носител на четири признанија.
Даме од досегашните настапи се враќал со највисоки признанија. Два пати ја освои титулата „специјална сланина“ и еднаш „најдобар експонат“. Од неговите производи, на престижен натпревар, колбасот беше награден со „прва награда“
Сланинајдата во Качерво има традиција подолга од три децении и важи за најголемиот саем на сланина во светот на кој доаѓаат повеќе од 100.000 посетители од целиот свет, па и од Македонија.
Сепак, и покрај натпреварувачкиот карактер, Гаврилоски вели дека помеѓу учесниците на оваа манифестација има и одлична дружба.
„Сите излагачи разговараат помеѓу себе, разменуваат искуства и сè е едно големо дружење и големо искуство. По објавувањето на победниците сите си честитавме меѓусебно и поминавме уште едно добро дружење
Правењето сланина и други сувомеснати трајни производи и колбаси долги години се дел од неговата семејна традиција:
„Овој начин на производство е наследство од моите баби и дедовци, и јас се придржувам на тој старински начин на производство.
На Даме и неговиот тим му посакуваме среќа и успешно да ги претстави Македонија и Гостивар.
Коментарите се затворени.