In Memoriam РАДОВАН ПАВЛОВСКИ

Гостивар 22 февруари 2022 Почина Радован Павловски. Тој, иако за себе велеше дека е жител на светот и космополит, гостиварци го доживуваа како свој, повеќе од останатите. Овој поет важи за еден од најсјајните претставници на модерната. Во континуитет во изминатите шест децении е еден од најпреведуваните македонски поети во светот.

Се раздели од животот на 84 години, а веста ја соопшти Македонската академија на науките и уметностите, чиј редовен член беше од 2006 година.

Роден во 1937 година во Ниш, Павловски заедно со неговото семејство во 1940 година се враќа во гостиварското село Железна Река каде што го поминува своето детство и завршува основното образование.

И токму заради Железна Река, која остана дел од него во целиот живот, од младешките, средните и возрасните години и непресушна инспирација, гостиварци го пречекуваа и го нарекуваа свој.

Напиша и песна истоимена со неговото село „Железна Река“:

„Да седнам да здивнам на тој спржен рид/Злато древно да откопам и со одежда
Царска на времиња стари да се јавам и викнам/Да ја симнам месечината на земја
И целивки и рожби нејзини да најдам“

Животописот на Павлоски е опишан и забележан од многу библиографи, историчари на уметноста, критичари. Тоа е обемно четиво и достојно за респект, каков што малкумина заслужуваат.

Принцот на метафората ги рецитира сопствените стихови

За љубителите на позијата, ви даваме можност да го слушнете „принцот на метафората“ како сам ги чита сопствените стихови

Еве како звучат љубовните лирики под наслов „Маја“

За да го направиме споменот за неговото дело вечен  и за да имате можност одблизу да ја согледате неговата интелектуална моќ, ќе ви понудиме нешто што е поинаку од комеморативен говор и празно ламентирање.

Подолу, има видео од разговорот на новинарот Сеад Ризвановиќ направен со Радован Павловски во 2016 година. Иако е постар со датум, овој разговор е актуелен во многу елементи.

Вечна ти слава и светол нека ти е патот во вечноста!

Коментарите се затворени.