Реконструкцијата на автопатот Гостивар-Тетово чека на избор на консултант

Гостивар, 3 март 2022 Изградбата и комплетирањето на автопатските делници Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево и Требеништа-Струга-Ќафасан се наоѓаат во плановите на оваа Влада и на тоа се работи посветено, рече министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски одговорајќи на новинарско прашање по неговата посета на Гостивар.

Тој очекува годинава американско-турска компанија „Bechtel – ЕNKA“ да започне со работа на делниците на паневропските коридори. На прашањето кога ќе се започне со реконструкцијата и надградбата на делницата низ Полошката рамница, министерот појасни:

– Во моментов во ЈП Државни патишта има постапка за избор на консултантска куќа која доколку биде избрана ќе влезе во директни преговори со „Бехтел“ компанијата која е определна да работи на овие делници, за што е изгласан закон во собранието. Сакам да ги уверам граѓаните дека Владата води грижа за завршувањето на Коридорот 8. Очекувам оваа година да почне неговата реализација и таа да продолжи наредните години, со оглед дека се работи за обемен инфраструктурен зафат. Патниот правец Гостивар-Тетово е дел од тој коридор и е плановите на владата за реконструкција и надградба, исто како и останатите на овој коридор, рече министерот Бочварски.

Тој нагласи дека со овие планови на Владата е опфатен и коридирот 10де, односно делницата Прилеп-Битола, потенцирајќи дека владата е силно посветена на изградба на модерна и безбедна патна инфраструктура и реконструкција на останатите патни правци во државата на кои тоа им е потребно.

згм

Коментарите се затворени.