Конкурс за обука на негуватели за нега на болни и изнемоштени лица
Гостивар, 14 март 2022 До крајот на неделата трае конкурсот за пријавување на лица кои сакаат да следат обуки за негуватели на болни и изнемоштени лица.
Во последниот оглас на Агенцијата за вработување се наведени условите, според кои лицата кои ќе бидат избрани за време на обуката, ќе добијат месечно по 9.000 денари и сертификат со кој ќе имаат предност при вработување.
Агенцијата за вработување објави: Повик до евидентирани невработени лица за вклучување во бесплатна обуки за негувател за нега на болни и изнемоштени лица.
- Обуката ќе се реализира во период од 3 месеци организирана во неколку модули и фокусирана на теоретски и практичен дел.
- Лицата вклучени во обуките ќе добијат месечен надомест од 9.000 МКД, со вклучено осигурување и платен данок на личен доход за времетраењето на обуката.
- Невработените лица кои ќе ја завршат обуката и успешно ќе го положат предвидениот испит, ќе се стекнат со Сертификат издаден од верификуваните спроведувачи на обука пропишан од Министерство за образование и наука.
- Невработените лица кои ќе ја завршат обуката ќе се стекнат со можност за вработување како давател на социјални услуги, согласно стручната обука со минимален износ на месечна бруто-плата од 29.180 МКД кај идниот работодавец (невладина организација).
Заинтересираните невработени лица можат да го изразат својот интерес и/или да поднесат Пријава во Центарот за вработување – Гостивар, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот. Повикот трае до 18 март.
Коментарите се затворени.