Формирано здружение за поддршка на лицата со Даунов синдром
Гостивар, 21 март 2022 По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром, во Гостивар се формира здружение кое го носи името „Ëmbla“, (Амбља) по девојчето за кое неодамна јавноста слушна дека била соочена со дискриминација.
На пригодната свеченост иницијаторите и организацискиот одбор напоменаа дека ќе се ангажираат за подобрување на условите на овие лица на локално ниво и пошироко.
Афете Адеми, мајката на Ембла која воедно и првиот претседател на здружението рече дека на лицата со Даунов синдром им е потребна грижа и трпение, притоа додавајќи дека тие се способни да се образуваат и да работат.
На гостите во салата на советот на општина им се обрати и првиот човек на општината, градоначалникот Арбен Таравари и најави поддршка. Тој напомена: Одблизу никој не е нормален, сите ние страдаме на некој начин, некои од синдромот на осаменост, некој од синдромот на интерес, некој од синдром на напуштеност. Сите имаме потреба од еден за друг. Од тие причини лицата со Даунов синдром треба да ги сфатиме и прифатиме како дел од нашето опкружување и живеење.
Сефер Цановски, директор на Универзитетот ФОН и дел од управниот одбор на фондацијата Свит која помогна при формирањето, напомена дека фондацијата ќе ги поддржува не само децата, туку и нивните родители.
Еден од основачите на здружението, Илир Адеми, истакна дека заедно со неговата сопруга, ќе се погрижат секое дете со Даунов синдром да биде вклучено во нивното здружение.
Коментарите се затворени.