„Паднаа маските“ во училиштата

извор UNCEF

Гостивар, 30 март 2022  Задолжителното носење на заштитна маска во училиштата нема да важи за основците. Владата го прифати предлогот на  на Комисијата за заразни болести за олеснување на дел од ковид мерките што важеа за учениците во основните училишта.

Одлуката стапи на сила од денеска и ќе важи се до доставување на нов предлог од страна на Комисијата за заразни болести.

Учениците можат и понатаму да носат заштитна за време на престојот во училишниот објект по нивна волја. Обврска за носење на заштита имаат наставниците и останатите вработени во училиштата.

Со одлуката за олеснување на мерките, дојде и таа со која започнува наставата со физичко присуство на факултетите во земјата со почитување на препорачаните превентивни мерки за превенција од коронавирус Ковид-19. Тоа ќе значи: здолжително носење заштитни маски во затворен простор, одржување на физичко растојание од еден до два метри, зачестена хигиена на рацете со задолжителна дезинфекција пред влезовите во предавалните, амфитеатрите, вежбалните, односно негрупирање и често проветрување на затворените простории, со препорака за вакцинација на студентите и наставниот кадар на факултетите во државата.

Од денес се зголемува и максималната исполнетост на капацитетот на отворен и затворен простор. Од досегашниот најмногу до 50 отсто, на најмногу до 75 проценти, со задолжително носење на заштитни маски кога станува збор за културни настани, во театри, кина, како и на семинари, обуки, состаноци, конференции.

Коментарите се затворени.