Приведени тројца лица од Калиште, полицијата им нашла 14 паковки кокаин

Гостивар, 13 април 2022 (МИА)  Три лица од гостиварско село се приведени откако при претрес на возило во кое се превезувале е пронајдена наркотична дрога (кокаин).

Од СВР Тетово информираат дека синоќа (12.04.2022) во 21.15 часот во селото Зубовце, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Гостивар ги лишиле од слобода М.С.(40), Ј.С.(39) и М.А.(43), сите од селото Калиште.

Според портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски при преглед на возилото „фолксваген голф“, со италијански национални ознаки, во кое биле тројцата, пронајдени и одземени се 14 опаковки кокаин.

Трите лица се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Коментарите се затворени.