Денеска е Велипеток, денот на страдањата и смртта на Исус Христос
Гостивар, 22 април 2022 Православните христијани денеска го одбележуваат Велипеток, денот на страдањата и смртта на Исус Христос. Овој ден уште се вика и Распет петок зашто тогаш е распнат Исус Христос.
На овој ден црквата предвидува строг пост, само со вода, а многу верници на Велипеток ништо не пијат, ниту јадат до зајдисонце.
Покрај постот, на денот на христијанската жалост не се работи на поле, а ниту во домот.
Според преданијата, Исус починал во шестиот час од денот кога завесата на ерусалимскиот храм се преполовила, сонцето се затемнило, мртвите станале од гробовите, а сите ѕвона се распукале.
Оттогаш не бијат камбаните и не се огласуваат сѐ до недела кога првпат ќе ја означат радоста за Христовото воскресение. Според христијанското учење, страдањето му претходи на воскресението, а без страдање и смрт – нема воскресение.
Коментарите се затворени.