Денес е Светскиот ден на книгата. Прославете го!
Денес се одбележува Светскиот ден на книгата. На овој ден, започнувајќи од 1995 година, овој празник се слави низ целиот свет. Датумот има цел да ги промовира книгите, да ги поттикне издавачите и да укаже на заштитата на авторското право. Интересно е што 23 април е тесно поврзан со големите книжевни великани Мигел де Сервантес и Вилијам Шекспир, но како?
Овој ден, 23 април (Денот на розите) е неслучајно одбран како датум уште во далечната 1923 година во Шпанија. Тогаш продавачите на книги меѓусебно се договориле да му искажат почит на познатиот автор на „Дон Кихот“ – Мигел де Сервантес, кој починал токму на оваа дата. Идејата поттикнала менување книги наместо рози, како што проповедала дотогашната традиција за Празникот на розите.
Подоцна, во 1995 година, УНЕСКО се решава да го официјализира датумот како Светски ден на книгите, поради Каталонскиот фестивал во Шпанија, смртта на Мигел де Сервантес, но и смртта на Вилијам Шекспир, токму на истиот овој датум.
Коментарите се затворени.