Убиство во Вруток, пронајдено безживотно тело на жена

Гостивар, 26 април 2022 Тело на жена на кое имало повеќе рани нанесени од нож е пронајдено во семејниот дом во селото Вруток. Според полициски информации станува збор за Б.А. (55) државјанка на Република Албанија која била мажена и живеела во ова гостиварско село.

Според соопштението на Јавно обвинителство на РС Македонија и првичните сознанија, смртта на жената настапила во периодот 23-24 април (недела-понеделник), односно 24-48 часа пред нејзиното пронаоѓање.

Јавен обвинител од ОЈО Гостивар извршил увид и издаде повеќе наредби за прибирање и вештачење на трагите пронајдени на самото место, како и за обдукција на починатата. Првичните траги упатуваат дека смртта е насилна и се трага по сторителот.

Жената во Вруток живеела со сопругот, кој засега е недостапен.

Коментарите се затворени.