Бизнис саем во Гостивар
Гостивар, 21 мај 2022 (МИА) Дваесетина компании од земјава ги претстатвуваат нивните производи и услуги на саем што се одржува во спортската сала
Првиот бизнис саем за производители го организира маркетинг агенцијата Еуростеп во соработка со Општина Гостивар.
На отварањето беше кажано дека овој саем е можност за промоција на производите од регионот Гостивар и да се поттикне неговиот развој.
– Благодарни сме што локалната самоуправа ја поддржаа оваа идеја и ни ги овозможија потребните работи за да се организра.Овој саем претставува нов модел и не е обичен саем само за одредена гранка и производи. На овој начин сакаме да подигнеме регионот, на што и ставаме акцент и да се стигне до други пазари, рече Шемса Емшериев од Еуростеп.
На првиот ден од саемот, во спортската сала “Младост” на штандови се претставуваат 26 домашни компании од кои 16 се од гостиварско. Пред посетителите се претставуваат асортиманот на производи и услуги и промотивни материјали.
Изложбената програма на саемот се затвара денес во 17 часот, а вечер е предвидена културно забавна програма. Утре ќе биде организран бизнис форум што ќе се одржи во конференциската сала Хес Маврово со почеток во 11 часот.
згм
Коментарите се затворени.