Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

Гостивар 24 мај 2022    Денеска се одбележува  Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи.

По повод празникот, еве неколку реда посветни на нивниот живот и дело:

„Донесоа зрак светлина низ темното перде на тогашното време, го направија свето и вечно нашето писмо, зборот го пронижаа со збор, а на буквите торжествено им дадоа бесмртно значење и универзална комуникациска сила. Братски сложно со возвишен восхит, највисоко на пиедесталот ги поставија за навек прогледаниот и просветлениот и им го престорија светогледот бесконечен.Нека бидат незаборавни во мислата и времето славата и благодарноста за нивното големото дело и мисија.За многу години!.. “

Коментарите се затворени.