Саем за вработување и кариера
Гостивар, 3 јуни 2022 Дваесетина компании од полошкиот регион учествуваат на дводневниот саем за вработување и кариера во дворот на Младинскиот ресурсен центар I Can во Гостивар. Целта на настанот е младите да се запознаат со можностите за вработување, практикантство и обука.
На првата панел-дискусија на која учествуваа и високи владини претставници беше кажано дека овој саем е своевидно поврзување на младите невработени лица со приватниот сектор. Од друга страна пак може да се пополнат работни места во компаниите и за изнаоѓање на модели за младинско активирање на пазарот на трудот.
Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи ја спомена Националната стратегија за развој 2022-2042, која како што рече ќе им даде јасна насока, но и слобода за да се реализираат идеите.
За активните мерки на Владата насочени кон младите и нивно вработување и остручување зборуваше министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Таа напомена дека оперативните мерки за вработување преку Оперативниот план за 2021 година имаше 94,6% реализација, со него опфативме 11.292 лица од кои 66% се токму млади до 29 години“.
Покрај претседателот на Советот на Општина Гостивар, Ваљбон Лимани, на првиот панел зборуваа тетовскиот градоначалник, Билал Касами, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан и ректорот на УЈИЕ, Абдулменаф Беџети
Моделите како Младинскиот ресурсен центар ICan во Гостивар кој го опфаќа Полошкиот регион и претставува инклузивен, дигитален, иновативен и неформален центар за обуки и одговара на потребите на младите во нивното побрзо вработување. Ваквиот модел е прв во земјава и треба да се воспостави во останатите региони во државата.
Коментарите се затворени.