Финален турнир од Балканскиот куп во традиционално стрелаштво со лак и стрела

Гостивар, 5 јули 2022 Со учество на натпреварувачи од седум балкански држави во Гостивар започна финалниот турнир во традиционално (турско) стрелаштво со лак и стрела „Тозкопаран Искендер“.

На стрелиштето во големиот градски парк натпреварувачите во две категории (мажи/жени) од Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово. и Хрватска ги покажаа вештините во овој спорт.

Настанот е во организација на Институтот „Јунуз Емре“ и Фондацијата за турски стрелци. Натпреварот се одвива во категории за жени и мажи.

Атаула Бајрам претставник на Институтот „Јунуз Емре“, напомена дека овој натпревар годиниве наназад се организира во различни балкански градови, а годинава домаќин е Гостивар.

            – Ние по втор пат го организираме „Балканскиот куп во стрелаштво – Тозкопаран Искендер“. Оваа година дојдовме во градот Гостивар и верувам дека во иднина ќе одиме и во други градови во Македонија. Овој натпревар е за стрелаштво и воедно ја презентираме турската култура и традиција и начинот на живот на нашите претходници, изјави Атаула Бајрам од Институтот „Јунуз Емре“.

Градоначалникот на општина Гостивар дојде на отворањето и ги поздрави натпреварувачи, посакувајќи им успех и искажа задоволство што Гостивар е избран да биде домаќин на купот.

Натпреварот ќе заврши со концерт во вечерните часови и програма на која на натпреварувачите ќе им бидат поделени пехари. Покрај запознавањето со традиционалното стрелаштво, гостиварци во градскиот парк имаа можност да видат и шатори уредени како во времето на отоманското царство.

згм

Коментарите се затворени.