Врапчиштанец со секира и камен расчитувал сообраќајна незгода
Гостивар, 28 јули 2022 Жител на Врапчиште со секира и камен решавал недоразбирање кои настанале по сообраќајка во која учествувал повозрасен жител на селото Неготино.
Според информацијата на СВР Тетово, вчера (27.07.2022 околу 17.50) часот во Полициската станица Гостивар било пријавено во гостиварско Врапчиште, на регионален пат Градец-Гостивар, со остар предмет оштетил патничко возило „форд“, сопственост на М.А. (69). Набрзо, напаѓачот со тврд предмет го нападнал и него. Првично, на расправијата претходела сообраќајна незгода по која настанале недоразбирањата.
Од полицијата информираат дека се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.
Коментарите се затворени.