Гостиварец починал откако бил прободен со нож во тепачка

Гостивар 31 јули 2022 Педесет и двегодишен гостиварец починал од повреди нанесени со остар предмет во тепачка помеѓу повеќе лица. Настанот се случил во близина на Домот за култура околу полноќ. Според првичните сознанија на полицијата, на трагичниот настан му претходеле меѓусебни недоразбирања.

Од МВР информираат дека, на 30.07.2022 во Гостивар полициски службеници од презеле мерки и ги лишиле од слобода Б.И.(55), Х.И.(64), Ј.И.(20), М.Р.(34), Б.Е.(51), Ш.И.(25), М.С.(24) и Ј.С.(31), сите од гостиварско, затоа што околу 00.45 часот учествувале во физичка пресметка на булевар „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар.

– По претходна расправија поради нерасчистени меѓусемејни односи помеѓу Б.И., Х.И. и Ј.И., сите од гостиварско Здуње, од една страна и Р.С.(52), Б.Е., М.С. и Ј.С., сите од Гостивар, од друга страна, дошло до физичка пресметка. Во тепачката Б.И. употребил остар предмет и му нанел убодна рана на Р.С. Повредениот е пренесен на скопските клиники подлегнал на повредата, наведуваат од МВР.

За случајот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција, а Б.И. е изведен пред Судија на претходна постапка и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Коментарите се затворени.