СДСМ го претстави кандидатот за градоначалник на општина Маврово-Ростуше
Гостивар, 31 јули 2022 (ИЗБОРИ 2022) Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) на партиски собир во долнореканското село Ростуше го претстави кандидатот за градоначалник на општина Маврово-Ростуше, Медат Куртовски. Пред сопртијците и граѓаните од овој крај се обрати и претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Тој на почетокот на кампањата за локалните избори за градоначалник на општина Маврово и Ростуше ги повика граѓаните да дадат поддршка за понудата на СДСМ за Маврово и Ростуше да продолжи по вистинскиот пат.
– СДСМ е фаворит на изборите на 20 август, но тоа не значи дека работата е однапред завршена. Во овие 20ина денови вклучете се во победата, разговарајте со вашите соседи, роднини и пријатели, укажете им што значи Маврово и Ростуше да продолжи по вистинскиот пат. Само ако секој од нас даде свој придонес нашиот Медат, нашата советничка група ќе оствари победа и овде во Ростуше, но и во Маврови Анови, во Жировница, во Велебрдо, во Скудриње и во сите населени места во оваа наша убава општина.“ порача Ковачевски.
Кандидатот за градоначалник за уште еден мандат, Медат Куротвски, во обраќањето потсети на проектите што биле сработени претходно и најави делови од новата програма со која ќе настапи на изборите.
– Во наредните четири години ќе се стави фокус на еколошката заштита и чиста животна средина преку изградба на канализациони мрежи и одржување на јавната чистота, санирање на основните училишта и овозможување на услови за инвестиции од областа на туризмот, рече кандидатот за градоначалник.
Куртовски нагласи дека во иднина општината ќе има заменик градоначалник од мавровскиот регион, а во советот на општината ќе има надворешни членови со право на говор но без прааво на глас за да можат да придонесат во развојот на нашата општина.
Како поважни проекти, тој наброја изградба на канализациона мрежа во Маврови Анови и водоводни линии или каптажи во повеќе населени места. Во оваа општина се организираат избори за градоначалник по трет пат. Првиот пат немаше доволна излезност, а при вториот обид се пријави само еден кандидат. Со општината раководи стариот градоначалник како владин повереник
Коментарите се затворени.