КК Гостивар ќе се натпреварува во Трета лига со втор тим
Гостивар, 16 август 2022 Раководството на КК Гостивар ги оствари најавите за формирање на втора екипа. Во тек е составување на тимот кој, според амбициите, од наредната натпреварувачка сезона ќе заигра во погорен ранг.
Од клубот информираа дека играчите и стручниот штаб вчера го одржале првиот собир.
– Со задоволство ве информираме дека „втората екипа“ на КК Гостивар која оваа сезона ќе се натпреварува во трета лига го одржа првиот работен состанок. Стручниот штаб и играчите се запознаа со плановите, подготовките за натпреварувачкиот дел. Амбициите и целта за оваа сезона на втората екипа е висок пласман и влез во Втора лига, информираат од КК Гостивар.
Во очекување на дебито во првата сезона на новиот тим, тренерите и кошаркарите започнаа да работат на техничко-тактичките елементи на играта и воигрување на екипата. Ростерот на екипата ќе го сочинуваат играчи од младинскиот погон и школата на клубот.
Од КК Гостивар потсетуваат дека во тек се уписите на нови членови и заинтересираните да побрзаат со пријавите.
згм
Коментарите се затворени.