Во четврток околу Мавровско Езеро ќе се вози според посебен режим
Гостивар, 6 септември 2022 Кружниот пат околу Мавровското езеро во четврток (8 септември) ќе биде делумно прооден. Забраната за движење на возила на правецот Маврово-Ниќифорово-Леуново ќе трае од 9 наутро до 16 часот попладне. Од полицијата наведуваат дека времениот режим на локалниот пат е заради одржувањето на велосипедската трка по повод Денот на независноста на 8 септември 2022 година (четврток) .
– За непречено и безбедно одржување на трката ќе се воведе посебен сообраќаен режим од паркингот пред хотелот „Спорт“ во село Маврово до хотелот „Радика“ во село Леуново, во периодот од 9 до 16 часот и 30 минути. Во тој период ќе биде забрането одвивање на сообраќајот во двете насоки.
Покрај информирањето, од СВР Тетово очекуваат возачите да покажат трпеливост и разбирање и на тој начин да придонесат за успешна реализација на велосипедската трка, чие одржување ќе го следат и безбедносно ќе го координират полициски службеници.
Коментарите се затворени.