Алкохол и волан не одат заедно: Фатени 12 пијани во возачи низ Гостивар

Гостивар 25 септември 2022   Саботното ужување и другарување со „златната капка“ им преседна на дванаесет возачи кои според полицијата биле откриени по гостиварските сообраќајници. Двојно повеќе пијани позачи имало низ тетовско. Привремено се одзмени 36 возачки дозволи.

Според СВР Тетово, полициски службеници вчеравечер и денеска (24/25 септември) од 22 до 4 часот, спровеле акциска контрола на возачи – дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол.

– При контролата откриени и вкупно санкционирани биле 36 возачи (ТЕ-24 и ГВ-12), кои управувале под дејство на алкохол, од кои кај 1(ТЕ) биле измерени 2,89 промили алкохол во крвта.Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се соодветни поднесоци, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Во акциската контрола адекватно санкционирани се и 18 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-13 и ГВ-5).

Од СВР Тетово упатуваат апел посебно до младите да не седнуваат зад волан доколку претходно конзумирале алкохол и да не ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Со тоа ќе придонесат за подобрување на вкупната сообраќајна безбедност во регионот и пошироко.

Коментарите се затворени.