Tаравари се сретна со косовскиот амбасадор Ќехаја

Гостивар, 26 септември 2022    Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари оствари средба со амбасадорот на Република Косово, Флоријан Ќехаја, на која разговараа за проширување на соработката помеѓу општините на две земји.

На средбата, домаќинот и гостинот се согласиле дека Република Северна Македонија и Република Косово треба тесно да соработуваат во елиминирање на сите бирократски пречки во политичката, културната, економската, трговската и други сфери на животот за благосостојба на граѓаните.

Таравари и Ќехаја ги разгледале можностите за развојот на општините во двете земји преку економска размена, за зголемување на човечкиот капитал и за воспоставување на односи меѓу локалните самоуправи ќе се зголеми соработката за нивен развој. На средбата во кабинеотот на градоначалникот се разговарало и за политичкиот момент во кој се наоѓа регионот и важноста од одржување на прозападната ориентација на нашите земји и одговорностите на европската иднина.

Коментарите се затворени.