Таравари: Нема понуда за влез во влада, но ќе ја разгледаме
Гостивар, 26 септември 2022 (МИА) Доколку добиеме понуда за да влеземе во владејачката коалиција ќе ја разгледаме. Овој став го соопшти ВД претседателот на политичката партија Алијанса за албанците на новинарско прашање поврзано со шпекулациите за влез на АА во извршната власт и под кои услови би прифатиле.
– Засега не сме разговарале за тоа, сега сме фокусирани на реорганизација на партијата. Претежно сме на терен и разговараме, ги слушаме активистите и симпатизерите. Не сме разговарале за условите за влез или излез, не сме биле во влада, не сме ни размислувале. Но, ќе видиме, ќе испитаме дали има таква понуда. Досега не сме добиле понуда, ВД претседателот на Алијанса за албанците, Арбен Таравари.
Претходно Таравари најави дека за поддршка на уставните измени во парламентот, но ќе бараат да се отстрани процентот во уставот со кој се опфатени албанците во Македонија.
Таравари кусо се осврна и на последните превирања случувања во ДУИ, напоменувајќи дека не сака да коментира што се случува во другите политички партии, но оцени дека е започнат е распадот на ДУИ и дека тоа наскоро ќе се случи.
Коментарите се затворени.