Истражување: Економските емигранти под закана од трудова експлоатација (ВИДЕО)
Економските емигранти под закана од трудова експлоатација
Неисплатена плата, одземен пасош, лоши услови за работа, уцени, па дури и физичко насилство. Ова се дел од заканите со кои може да се соочат лицата кои заради обезбедување на подобри услови за живот го менуваат местото на живеење, па дури и заминуваат и преку границите на сопствената земја. На тој пат се случува да навлезат во темниот лавиринт на трговија со луѓе.
Новинарот Зоран Г. Маџоски направи истражување кое укажува на потребата за континуирано работење заради препознавање, давање помош и поддршка.
Во видео сторијата се потврдуваа дека Трговијата со луѓе (ТЛ) е општествен, повеќедимензионален, криминален и социјален проблем со кој се кршат основните човекови права и слободи на ЖТЛ (жртви на трговија со луѓе).
Фокусот е ставен на регионот на Полог, во кој се наоѓаат два града, Тетово и Гостивар. Тука трудовата експлоатација се наоѓа во таканаречена „сива зона“ и најчесто се поврзува со ангажирањето на сезонски работници или познати како аргати (економски емигранти).
Оваа сторија е изработена со финансиска поддршка од Европската Унија и Советот на Европа преку заедничката програма „Хоризонтален Инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022” (Хоризонтален Инструмент II), која е насочена кон информирање и подигнување на свеста на јавноста за ризиците од трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација
Preventing and Combating Human Trafficking in North Macedonia EU/CoE Horizontal Facility for the Western Balkans and Turkey 2019-2022
Видео сторијата може да ја погледнете тука:
Коментарите се затворени.