Повреден моторџија, се судрил со голф

Гостивар, 11 октомври 2022  Повозрасен моторџија од Кореја се судрил со „голф“ и се здобил со скршеница на дланката.

Од СВР Тетово информираат дека денеска (11 октомври) во 9 часот во СВР Тетово на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на Церовски мост, се случила сообраќајна несреќа.  Во неа учествувале патничко моторно возило”фолксфаген голф” со охридски регистарски ознаки што го управувала М.П (21) од Кичево и мотоцикл ‘”сузуки” со корејски национални ознаки управуван од 72-годишен К.Ј.И., државјанин на Република Кореја.

Во несреќата, мотоциклистот задобил тешки телесни повреди, а М.П. телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница “Ферид Мурад”.На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Коментарите се затворени.