ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СПОНЗОР НА СКИЈАЧКИОТ КЛУБ МЕДЕНИЦА

Гостивар, 15 октомври 2022   Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да биде пријател на спортот. Под слоганот Играј со најдобрите, обезбедено е спонзорство за скијачкиот клуб Меденица во вредност од 616.950,00 денари.  Средствата од спонзорството се бидат наменети за помагање и поддршка на кариерата на македонските алпски скијачи Мирко Лазарески и Дардан Дехари и нивните настапи на светското натпреварување во Италија во 2023 година.

Дардан Дехари беше единствениот алпинец во тричлениот олимписки тим на Македонија за зимските олимписки игри во Пекинг. Мирко Лазаревски  е најдобар македонски скијач во неговата возрасна категорија. Тој учествувал на олимписките игри за млади во Лозана, европските олимписки игри во Финска, како и други меѓународни натпреварувања. 

И Дардан и Мирко очекуваат солиден настап на светското натпреварување следната година во Италија. Средствата од спонзорството на Видеолотарија ќе им помогнат  во подготовките и настапот на ова натпреварување.

Во Ски клуб Меденица сме презадоволен од соработката и благодарение на нивната поддршка нашите натпреварувачи имаат одлични услови за подготовки и постигнување на врни спортски резултати.Тука ќе ги истакнеме YOG Lozana 2021, EYOF Vuokatti 2022. Очекуваме добар настап на светското првенство во Cortina d’ Ampezzo januari 2023 во јануари 2023, наведуваат од клубот.

Плановите во овој скијачки клуб се одвиваат според предвиденото. До сега се остварени кондициони подготовки во Скопје како и глечерски подготовки на снег во австрискиот центар Hintertux  во јуни и септември. Сениорите во овој период се во Тux(Тукс). Ним оваа недела ќе им се придружат и екипите У14 И У16. За оваа натпреварувачка сезона се очекуваат успешни настапи на меѓународните ФИС трки како и настап на Светското првенство 2023 година

Коментарите се затворени.