Започна санацијата на свлечиштето и каналот на хидроелектраната Врбен
Гостивар, 30 октомври 2022 (МИА) Започнаа работите на санација на свлечиштето и се гради нов бетонски канал за собирање води за хидроелектраната Врбен на хидросистемот Маврово, откако минатиот месец дојде до оштетување на еден од каналите. На терен работи тешка градежна механизација и се очекува работите да завршат за еден месец.
Од Електрани на Македонија информираат дека е обезбедена дозвола на Бирото за јавни набавки, за да се спроведе итна постапка и да биде избран
изведувач на работите, градежна фирма од Тетово. Според најавите завршување на зафатот ќе биде триесет денови.
– Во моментот се изведуваат ископи, насипи, поставување цевки за пропусти, кршење на стариот канал и изведба на нов тунел во должина од 29 метри. Се работи со булдожери, багери, утоварачи, кршачи на бетон, транспортери итн. Условите за работа се тешки, се работи на 1.500м надморска виина, на ризичен терен со можни нови одрони на карпи и лизгања на земјиштето, наведуваат од ЕЛЕМ.
Оваа градежна активност се спроведува откако по обилните врнежи на 27 септември дојде до лизгање на земјиштето, што предивика попуштање на бетонскиот канал, изграден уште во 1950 година. Во тој период се работело на пробивање на тунели и градењето на мрежата за собирање на водите од планинскио масив на Кораб и горнорадички слив, за потребите на хидроелектраните на ХЕС Маврово.
Оштетувањето на каналот не влијаеше значајно врз работатата на хидроелектраната Врбен и таа во целиот период е функционална и има довод на води од другите канали. Вишокот на вода која не може да помине преку каналот каде сега се работи, се испушта во реката Радика и оди во акумулацијата Шпилје, појаснуваат од ЕЛЕМ.
згм
Коментарите се затворени.