Форум во Гостивар: На жените претприемачи им е потребна поддршка од локалната заедница
Гостивар, 3 ноември 2022 (МИА) Женското претприемништво се соочува со многу можности и предизвици и неопходна му поддршката од локалните заедници за да опстане и да се развива. Оваа беше констатирано на денешниот форум што се одржа во Гостивар на тема „Жените во Полог можат да отворат бизнис“ што ја организира гостиварскиот огранок на Националната платформа за женско претприемништво.
Кординаторот Викторија Рафајлоска во воведното обраќање напомена дека на форумот е можност да се слушнат успешните приказни на жените во бизнисот во регионот на општина Гостивар, со цел да се поттикнат претприемачките во нивното образование и влез во светот на бизнисот.
Валентина Дисоска, претседателката на Здружението женско претприемништево во обраќањето пред присутните рече дека во последните години бројките покажуваат има повеќе затворени отколку отворени фирми кои ги раководат жени.
– Според информациите од Централниот регистар и бројките во 2019 година имавме над 1.000 компании, во 2020 година нешто помалку од една илјада компании и во 2021 година се околу пестотини некаде над 500 компании. Тоа значеше дека одиме надолу и наместо да отвориме, повеќе затвораме. Тоа, секако доаѓа како резултат на актуелните кризи, но тоа не треба да значи дека не треба да работиме, рече Дисоска
Во дискусиите беше потенцирано дека голем предзвик е трендот на иселување на младите и беше оценето дека е сè поочигледен и алармантен. Дел од говорниците нагласија дека форумот треба да биде поттик за жените, а пред сé младите девојки, да создадат сопствен бизнис и да придонесуваат за развој на економијата.
Гостиварската Сафија Селими, која околу речиси дваесет години води сопствен бизнис – Академијата „Теса“, вели дека и било многу тешко да ја унапреди кариерата заради предрасудите и другите општестевени бариери.
– Жената и покрај тоа што може да биде добра сопруга, добра мајка, може да биде добра и во бизнисот, нагласи Селими.
На форумот учествуваа жени претприемачи од полошкиот регион, наставнички и локални активистики и претставници на локалната самоуправа.
Коментарите се затворени.