Анди, двократниот светски шампион освои уште една шампионска титула (видео)
Гостивар, 29 ноември 2022 Анди Исмаили, двократниот светски шампион во модерен танц, од вчера е носител на уште една титула: Победник во џез категоријата на Светското првенство во модерен балет. Денес, ќе има настап за трето злато во категоријата во која претходно во два наврати доминираше.
Овој 14-годишен гостиварец се закити со златен медал на шампионатот во балет, џез, модерен и современ, што се одржува во градот Потчетртек, Словенија за прикажаното во џез Денс соло јуниори 1.
Анди Исмаили инаку е двократен светски шампион во модерен балет и ќе се обиде да го освои и третото злато во категоријата модерен балет. Според распоредот, денес (петок 2 декември), ќе настапи и во конкуренција на модерен балет.
Анди Исмаили е член на клубот iDance studio од Гостивар, а негови тренери се Вулнет Назири и Сарита Селмани. Анди ја доби поддршката од компанијата „Карнем“ со која неодамна склучи договор и стана нејзино заштитно лице. Како дошло до соработката и поддршката на талентите, појаснува Михајло Михајлоски, сопственикот и основач на месна индустрија „Карнем“ во интервју за локалната телевизија ТВ Глоби.
Коментарите се затворени.