Малолетник чувал полна тегла „трева“ во интернат, полицијата уапси три лица

Гостивар, 22 декември 2022 (МИА) – По претрес кај еден малолетник кој престојувал во гостиварскиот средношколскиот дом (интернат), полицијата пронашла марихуана. Малолетникот е лишен од слобода и задржан во полициска станица Гостивар. Во друга акција, уапсени се уште три лица.

Според СВР Тетово, денес (22.12.2022) околу 12.40 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар лишиле од слобода малолетник од селоТребиште, општина Маврово и Ростуше. 

            – При претресот во интернатот, каде што престојувал, извршен со судска наредба во присуство на педагог, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, наведуваат од СВР Тетово. 

Извесна количина наркотична дрога (марихуана) била откриена и рано утрово  во 04.00 часот на улица „211“ во Гостивар. Полициски службеници ги лишиле од слобода лицата С.А.(19), А.Г.(20), Н.Е.(18), тројцата од Гостивар, затоа што при преглед кај нив, кај С.А. била пронајдена и одземена марихуана.

Лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

згм

Коментарите се затворени.