Денови на благослов и благодарност- Бадник и Божиќ
Гостивар, 6 јануари 2023 Бадник се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ). Според христијанската традиција, Бадник се слави еден ден пред Божиќ со коледарските огнови и со малите деца коледарчиња се најавува Рождеството Христово.
Бадник претставува ноќ на мирот, радоста и на сплотеноста. Овој празник е поделен на два дела – периодот од полноќ до пладне на 6 јануари е Коледе, а од пладне до полноќ се слави Бадник.
Бадник паѓа на 6 јануари секоја година, а Божиќ на 7 јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден — Христовото раѓање.
Со Божиќ е поврзана и поговорката „Пред Божиќ, зад Божиќ, дома да си“, што има посебно значење дека за време на овој голем празник секој треба да биде дома и во кругот на семејството да го прослави овој голем христијански празник.
Во Гостивар Бадник и Божиќ ќе се слават и со христијански обичаи:
– На Бадник (6 јануари) кога ќе има утрена со царски часови и Литургија на Св.Василиј Велики, во 9 часот тргнува Бадниковата поворка од соборниот храм Успение на Пресвета Богородица.
– Во 17 часот ќе има вечерна богослужба
– Во 19 часот осветување на бадниковите гранчиња, палење на бадниковиот оган и огномет.
– На Божиќ (7 јануари) во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во 8.30 часот ќе започне света Архиерејска Литургија на која ќе присуствува и ќе чиноначалствува митрополитот г.Јосиф.
Коментарите се затворени.