Три празнични денови: Водокрст, Водици, Св Јован Крстител
Гостивар, 18 јануари 2023 Претстојат три празнични денови за православните христијани. Денеска, денот пред големиот христијански празник Богојавление – Водици, православната црква (МПЦ ОА) го одбележува денот познат како Водокрст кога се извршува голем Богојавленски водосвет.Празникот е познат под имињата Водокрштение и Водокрст или Водопост, како ден на строг пост, во кој се пости само на вода.
Утре е Водици, празник што го менува денот, но датумот не. Се празнува на 19 јануари и со него се поврзани и останатите два 18 јануари – Водокрст или Водопост, 19 јануари – Богојавление (Водици) и 20 јануари – Собор на Свети Јован Крстител.
Утре, 19 јануари, е познат под имињата Богојавление и Водици, но во некои краишта се спомнува и како Војордание или Машки Водици.
Вториот ден, 20 јануари, е празникот Собор на Свети Јован Крстител, познат и како Женски Водици, кога главен збор во изведувањето на обичаите имаат жените. На тој ден, именден слават сите чие име е изведено од името Јован. Водици е празник над празниците и во различни делови од Македонија се одбележува со многу интересни и неповторливи фолклористички обреди
Коментарите се затворени.