Таравари: Давањето поддршка за кворум во парламенотот не е влез во влада

Гостивар, 24 јануари 2023 (МИА) – Лидерот на политичката партија Алијанса за албанците, Арбен Таравари најавува дека во петок ќе биде донесена одлуката за евентуален влез влез во ја донесе одлуката за влез во владата.

На новинарско прашање и коментар околу давањето поддршка за обезбување на кворум за одржување на седница во Собранието дека тоа значи поддршка на мнозинството и влез во владата, Тараври одоговори:

            -Не, нема врска. Не е прв пат. Некогаш ние, а друг пат ВМРО да обезбедиме мнозиство за да функционира собранието. Сме правеле и мнозинство кога се носеше буџетот. Така ќе продолжиме без разлика на се, рече Таравари на настан по повод одбележување на денот на турскиот учител во Гостивар.

Тој дополни дека Алијанса придонела и за кворум за гласање на францускиот предлог и договорот со Бугарија и напомена дека и покрај тоа што се во опозиција во одредени ситуации кога како партија и пратеници ќе оценат дека на работата на собранието му треба подрска тоа ќе го прават.

Околу одлуката за формирање на преговарачки тим и дали официјално ќе започнат преговори за влез во владата, лидерот на АА, рече:

– Во петок закажав состанок со централното претседателство на партијата . Таму ќе ги носиме финалните одлуки, бидејки знаете дека централното собрание му одреди на централното претседателство да ја донесе конечната одлука и евентуално ако има потреба да формира и преговарачки тим.  За тоа ќе ве информираме навреме, подвлече Таравари.

Коментарите се затворени.