Започна традиционалниот 59-ти Мавровски Меморијал
Гостивар 8 февруари 2023 (МИА) Денес и утре ќе се одржува 59тото издание на Мавровски меморијал меѓународен натпревар во нордиско дисциплини. Годинава, на најстариот скијачки куп на Балканот ќе учествуваат натпреварувачи од шест држави.
Организаторите , Скијачката федерација на Македонија и меѓународната скијачка федерација (ФИС) ги објавија поединосте за натпреварот кој е дел од ФИС Балкан купот.
На овогодишниот 59-ти Мавровски Меморијал ќе учествуваат 70 натпреварувачи од повеќе земји: Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија и Грција.
– Техничкиот организатор е ски клубот Мирна Долина, под покровителство на АД ЕЛЕМ и Скијачката федерација на Македонија. Тие оваа година покажаа значителен ангажман за искористување на погодните временски услови и припрема на падините на Маврово на едно повисоко ниво, се наведува во соопштението на организаторите.
Настанот се одржува во спомен на 38-те градители на хидросистемот „Маврово” и 14-те граничари кои ги загубија животите во снежна лавина во 1956 година.
“Мавровскиот Меморијал е еден особено важен куп за Скијачката федерација на Македонија, кој секоја година традиционално се организира. Во чест на загинатите градители на планината Бистра оваа година ќе скијаат и ќе се натпреваруваат врвни скијачи од 6 различни земји, а ние со нашиот ангажман и напорна работа ќе продолжиме да ја одржуваме традицијата и да го поддржуваме развојот на зимските спортови во Македонија.“ – изјави Дејан Пановски, претседател на Скијачката федерација на Македонија.
Македонски преставници ќе бидат Ана Цветановска и Ставре Јаде, кои се пријавени за натпреварите за денес и утре.
Коментарите се затворени.