Пожар во Леуново: Изгоре викендичката на Зечевиќ, генсекот на СДСМ

Гостивар, 12 февруари 2023 (МИА) Изгоре викенд куќа во селото Леуново во која престојувал генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ. Во пожарот кој избувнал утрово, нема повредени. Причините за опожарувањето ќе се испитуваат наверојатно утре, првично станува збор за дефект на оџак.

Од СВР Тетово потврдуваат дека утрово околу 6 часот, скопјанецот М.З. (51) пријавил дека во викендичката во која престојувал, инаку сопственост на неговата мајка избувнал пожар.

Набрзо по пријавувањето интервенирала екипа на противпожарната единица од Гостивар и која го локализирала огнот. Според очевидци, огнот настанал во објектот блиску до хотелот Радика, сопственост на семејството Зечевиќ кои подолг период го користат и престојуваат во него.

Причините за настанувањето ќе се бараат и утврдуваат по увидот кој ќе се изврши откако ќе се обезбедат услови. Во пожарот нема повредени лица.

згм

Коментарите се затворени.