IN MEMORIAM Радован Павловски (23.11.1937-23.02.2022)
Гостивар, 23 февруари 2023 На годишнината од смртта на Радован Павловски (23.11.1937-23.02.2022), на човекот овенчан со слава за делото, неговиот пишан збор, академик, нарекуван „принц на метафората“ и заљубеник во родната Железна Река, како на гостиварец по род, од почит со еден превземен текст го величиме овој гениј што не е меѓу нас една година.
„Почнав да студирам право, ама хемијата и магијата на зборот доаѓаат и преку правото, во мојов случај – римското право. Потоа дипломирав литература, не беше десетка, ама беше деветка, зашто на професорите им кажав дека „Дон Кихот“, може да биде напишан само во Шпанија, како што „Хамлет“ може да биде напишан во Англија, како што, во словенскиот свет, во Русија, може да биде напишан „Облоков“ на Гончаров, за сета облосовштина на нашиот свет. Секоја песна си има свој роден крај, јас во животот не сум бил ниту уредник, ниту член на жири, ама знам дека во мене и со мене живее житието на мојот народ.
Куќата на Уранија 19. 08. 2018
Коментарите се затворени.