Во Градец се гради противпожарен центар за заштита на Шар Планина
Градец, 8 март 2022 (МИА) – До крајот на идната година преку проект и соработка на соседни општини од Северна Македонија и Албанија ќе се засилат системите за заштита од пожари и одговор, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов при денешната посета на новиот противпожарниот центар во селото Градец, општина Врапчиште. Тој појасни дека станува збор активности кои се дел проектот „Прекуграничен Против пожарен штит“ поддржан од ЕУ и ИПА Програмата за прекугранична соработка.
Министерот Пенов напомена дека овој проект ќе придонесе за заштита на животната средина и спречување на шумски пожари во прекуграничната област, што, како што нагласи е од клучно значење за зачувување на нашите природни ресурси и обезбедување на безбедноста на нашите граѓани.
– Овој проект ја покажува посветеноста на Северна Македонија и Албанија да работат заедно кон заедничко цели и да ги зајакнеме нашите врски како соседни земји. Министерството за локална самоуправа ќе ги покрие трошоците од македонската страна во висина од 15 отсто, рече министерот Пенов.
Во овој проект се вклучени три општини – Врапчиште и Боговиње во Северна Македонија и Церик во Албанија и невладината невладината организација Каритас.
Градоначалниците на општина Врапчиште, Исен Шабани и Боговоње, Бесник Емшиу појаснија дека со проектот ќе се развие и спроведе заеднички план за управување со ризик за заштита од шумски пожари и пожари и стандардни оперативни процедури. Според договрите вкушпниот буџет е близу 860 иалјди евра, а водечки партнер е општината Врапчиште
– Се гради нова противпожарна станица за новоформираното меѓуопштинско одделение за противпожарна заштита, а ќе се набави и специјално возило за гасење шумски пожари за противпожарната станица Врапчиште-Боговиње, рече Шабани и дополни дека во меѓуопштинското одделение за противпожарна заштита ќе бидат вработени, обучени и опремени 9 пожарникари, а за понатаму, за да се достигне капацитетот за одговор при елементарни непогоди со уште 23 пожарникари преку граница.
Во двете општини на македонска страна има над 60 илјади жители, а со проектот се опфатени рурални средини кои живеат на подрчајето на Шар Планина во со население кое надминува 110 илјади
Коментарите се затворени.