Притвор за гостиварецот кај кого беше најден кокаин вреден 30 илјади евра
Гостивар, 22 март 2023 (МИА) – Гостиварецот кај кого при претрес на домот, полицијата најде кокаин чија вредност е процената на триесет илјади евра, доби триесетдневен притвор.
Од СВР Тетово информираат дека судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар денеска (22март) на К.Д.(43) од Гостивар му определил мерка притвор од 30 дена, по што тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор “Скопје” во Скопје.
Гостиварецот К.Д. е осомничен за “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.
Нему при претрес извршен вчера (21март) со судска наредба во неговиот дом беше пронајден и одземен кокаин, чија цена на “црниот нарко пазар” се проценува на околу 30 илјади евра.
Коментарите се затворени.