Виктор Петков освои трето место во слалом

Гостивар, 27 март 23 2023 – Скијачот, Виктор Петков освои уште еден подиум на меѓународен натпревар. На ФИС трките на Копаоник (Србија) кои се одржаа овој викенд (25-26.03.2023 година) членот на клубот „Сноу спорт“ настапи на четири трки во дисциплината слалом. На овој натпревар имаше 35 натпреварувачи од осум земји.

Петков, добрата форма ја потврди на двете трки искачувајќи се на пиедесталот (освоени две трети места). На другите две трки, во второто возење направи грешка, која придонесе за губење на добриот пласман.

Од матичниот клуб на Петков нагласуваат дека до крајот на натпреварувачката сезона ќе има уште неколку трки и очекуваат продолжување на серијата со забележителни резултати како и оние од минатиот викенд кога освои 58 FIS точки.

Коментарите се затворени.